Сиже

Во 2004 година непосредно пред Портокаловата револуција, Орест, главниот лик во романот, отвора подземно кафуле во западноукраинскиот град Лавов. Го нарекува Гаргара според името на кафулето што постоело во 1963 година на истото место. Старото кафуле во 1963 година исчезнало под неразјаснети околности. Од него останала само Книгата за пофалби и поплаки, која содржи два автобиографски раскази. Орест заедно со својата пријателка тргнува во ризична потрага по авторите на расказите во Книгата за пофалби и поплаки и истовремено се обидува да го расветли мистериозното исчезнување на кафулето во 1963 година.

Во декември 2004 година три бои целосно завладеаја со секојдневието на Лемберг: белата, сивата и портокаловата. Бел беше снегот, сиви беа небото и раскашавениот снег на улиците, портокалово беше сè останато.

 

No flash player!

It looks like you don't have flash player installed. Click here to go to Macromedia download page.

  Македонски
Polski
Русский